Најави се за да гласаш
Изгласан на МојГрад
на 11/11/2021
Поднесен до совет
на 15/11/2021
Прифатен од совет
860
гласa да

1
глас не
Проблем:

Животот не е лесен за голема популација на бездомни мачки и кучиња во Скопје. Во текот на жешкото лето или ладната зима, скопските улици се полиња на смртта за бездомните миленици, особено за мали мачиња и кутриња- кои ако не и убиени од страна на брзи и несовесни возачи на автомобили или од сурови луѓе/деца, се во голема опасност да умрат незабележано како резултат на инфекции и болести. Каде и да одите можете да видите мачки скитници како бараат хранат од контејнери, прегладнети кучиња скитници или напуштени мали кутриња или мачиња.

Решение:

Преку изработка на креативни, еколошки, лесно одржливи куќарки за бездомни миленици, да им се овозможи хуман третман и основни услови за опстанок на улиците на Скопје. Истовремено ќе се влијае врз свеста на населението, со што ќе се трасира патот за нови, одговорни навики кои ќе придонесат за заштита на луѓето, животните и животната средина. Ќе се промовира важноста на граѓанскиот активизам и директната активност, во име на колективното добро. Овој проект ќе даде придонес за промоција на алтруизмот и хуманоста, со што на долгорочен план Скопје да стане подобро и похумано место за живеење Градење на куќички за бездомни миленици се основа на иницијативата на Градоначалникот на Њујорк (http://www.animalalliancenyc.org/events/featured/architects/index.htm) кои веќе деценија заедно со Здружението „Архитекти за животните“ (https://architectsforanimals.com/) организираат конкурс за дизајнирање, изработка и донација на креативни засолништа за бездомните миленици.

Резултат:

Општините во соработка со здруженијата за заштита на животните, Здружението на архитекти на Мк и Архитектонскиот факултет, да се организира слична активност со цел истата да стане традиционална (со оваа активност Скопје ќе се вброи како прв град кој би обезбедил засолништа на улични миленици и втор на Балканот, после општина Панчево). Предлагам Здружението на архитекти на Македонија како и Архитектонскиот Факултет (особено студентите на Архитектонскиот факултет на кои им престои подготовка на дипломска работа) да изработат 5-10 модели куќички за бездомни миленици. Изработените модели на куќички би ги изложиле со што сите заинтересирани граѓани/љубители на животни како и пошироката македонска јавност би имале прилика да ги видат. Куќичките би биле предмет на конкурс за донирање. Услов е куќичките да се постават на јавен простор - таму каде што најмногу има улични миленици т.е. каде има и најмногу луѓе кои се грижат за нив и кои би ја презеле одговорноста да се грижат за куќичките

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Коментари


0
Emilija Stojche Tocinovski 02/12/2021 08:07

И ние ве поддржуваме.

1
Nečka Qoku 20/11/2021 23:38

Poddrška. Pod itno obezbeduvanje na kukjički za bezdomnite milenici. Toa e najmalku što može da se stori za niv. Zaslužuvaat da bidat zasolneti i bezbedni.

3
Svetle Karagjozova 12/11/2021 16:51

Супер идеја, супер.

3
Vesna Gerovska 11/11/2021 20:38

Поддршка! Прекрасна иницијатива!

3
Лиле Петковска 10/11/2021 13:27

Bavo, poddrshka👍

3
Радмила Граматикова 10/11/2021 07:36

Podrška vo sekoj pogled!

3
Бети Ристеска. 10/11/2021 00:25

I tie imaat oravo na dostoen zivot ! Od nas zavisat i treba da im ovozmozime se sto treba !

4
Zoka Spasov 08/11/2021 21:58

Небото и земјата не се само за луѓе. Наоѓајте хумани решенија за ЖИВОТните.❤🐕🐈

3
Zoka Spasov 08/11/2021 21:58

Небото и земјата не се само за луѓе. Наоѓајте хумани решенија за ЖИВОТните.❤🐕🐈

3
Maja Janakieva 08/11/2021 16:57

Prekrasna inicijativa! Ovaa ideja da se prosiri vo site opstini niz cela Makedonija! Premnogu bezdomni kucenca ima nasekade. Kade i da pojdete niz zemjava, mnogu e potresna i tazna slikata so bezdomnite kucinja i macinja. Ubava zemja sme so prekrasni prirodni ubavini no gletkata so bezdomnite zivotinki i deponiite ja unistuvaa taa ubavina.

10
Borka Petrovska 08/11/2021 08:05

Да се прошири концептот во сите градови, бездомните животни секаде ги има😔

10
Popovski D. Igor 08/11/2021 04:17

#Дополнително: " Имате ли идеја како може да се прошири основниот концепт, иницијатива? Заеднички проект по училиштата во соработка со општините? Да се изработуваат овакви решенија по одделенијата на предметите "ОТО", "ОТП", "ПТО"... ? " https://www.facebook.com/kanekorzomk/posts/1874409409542141

6
Popovski D. Igor 08/11/2021 04:14

б.) - да им се понуди на граѓаните своите маалски, колективни миленици да ги пријават, внесат во (општинскиот, градскиот, републичкиот) регистар за да со тоа им се овозможи погоре споменатото под точка а.) и да го ползуваат бенефитот кој им го овозможува општината, заедно со попуст од 50% при понатамошно лекување и терапирање на животните доколку за тоа има потреба. https://www.facebook.com/groups/HFAWC/permalink/1799042643461983

6
Popovski D. Igor 08/11/2021 04:13

а.) - исто така за сите пријавени и внесени во регистар колективни, маалски миленици (кучиња/мачиња) општината да обезбеди соодветни локаци за нивен несметан престој, јавни куќарки, како заедничко добро, кои ќе бидат надгледувани и обезбедувани од општинските инспектори за контрола на популацијата на бездомните животни и нивна заштита. https://www.facebook.com/groups/HFAWC/permalink/1799042643461983

5
Popovski D. Igor 08/11/2021 04:12

Убаво и редно е, да се продолжи со акцијата и да се воспостави, етаблира на официјално, градско, општинско ниво. * предвидениот простор за коментар е мал, па затоа посетете ги и овие линкови: - https://www.facebook.com/events/1301445799963523?active_tab=about - https://www.facebook.com/events/1301445799963523/?active_tab=discussion - https://www.facebook.com/groups/HFAWC/permalink/1799042643461983 - https://www.facebook.com/kanekorzomk/photos/gm.594072460981805/1836352970014452

8
Kiril Jovcevski 07/11/2021 23:59

Izrabotka besplatna na kukarki za bezdomni kucinja i macki,vase e samo materijalot za kukarkite da go dostavite do mojata adresa vo radisani -skopje,informacii na tel 075376512

4
Anita Gjorgjieva 07/11/2021 23:55

Odlicna ideja

4
Kitty Akvilina 07/11/2021 23:50

Одлична идеја!

4
Бранислава Здравковиќ-Јаќимоска 07/11/2021 23:31

Многу ми се допаѓаат вашите идеи, продолжете вака .