Проширување и подобрување на велосипедската инфраструктура
Проблем:
Иако има напредок во оваа насока, голем дел од градот сè уште нема велосипедска инфраструктура, особено велосипедски патеки. Кисела Вода е добар пример за голема урбана општина која речиси и да нема ваква инфраструктура, особено во споредба со Центар, Карпош и Аеродром. Во општините каде што оваа инфраструктура е поразвиена, таа е често лошо испланирана и/или изведена, и не се одржува доволно редовно.
Решение:
Потребно е да се формира стручен тим на ниво на градот кои ќе направи анализа на недостатовите во постоечката вело инфраструктура и ќе подготви план за нејзино подобрување и проширување. Наместо да се цртаат две бели линии на постоечки тротоар или коловоз и тоа да го нарекуваме вело патека, без да се земе во предвид квалитетот на подлогата, препреки на патот, и поврзаноста со целосната мрежа, треба да се посвети сериозен стручен напор за реплицирање на успешни примери за вело инфраструктура од други земји. Иако квалитетот на самите патеки е приоритет, треба да се земат во предвид и други компоненти, како вело ескалатори за ридести општини, специјални корпи за отпадоци кои може да се користат без застанување, безбедни и практични вело паркинзи, итн. Штом се развие добар план, врз база на стручна литература, најдобри практики и истражување кои ќе вклучува инпути од велосипедистите во градот, остатокот е прашање на одвојување буџетски средства и изработка на работен план.
Резултат:
Ќе се зголеми употребата на велосипеди како примарно превозно средство, а со тоа ќе се намали употребата на моторни возила, како и гужвите и задагувањето кое го предизвикуваат. Можно е и да има мал позитивен ефект на подобрување на јавното здравје преку зголемена физичка активност. Има цела категорија на граѓани кои моментално не се чувствуваат доволно безбедно за да возат велосипед низ Скопје, главно затоа што често се приморани да го делат коловозот со моторни возила, кои често пак не ги почитуваат правата на велосипедистите да го користат коловозот.
Дополнителни линкови:

Општина
Град Скопје
Категорија
Улици и патишта
Статус
Коментари