Предлози
Статус:
Категорија:
Општина:
15 предлози
Спојување на сите паркинзи во градот под една надлежност
Како до полесно паркирање пред се на резиденти и времени посетители. Бидејќи во некои општини најкарактеристично општина Центар има доста паркинзи под надлежност на градот на кои места нема можност за повластени карти за резиденталните жители.
Населби како Драчево и Ѓорче Петров се многу лошо поврзани, односно за да дојдеш од Драчево до Ѓорче Петров ти треба повеќе време отколку од Велес до Скопје. Во меѓувреме сообраќајниот метеж е истотака проблем бидејќи повеќе се потпираме на коли отколку јавен превоз што придонесува до поголемо загадување.
Велосипедски патека Кисела Вода-Центар
Има велосипедска патека до Центар до Тутнски комбинат и после има велосипедска патека дури од Тинексот во Кисела Вода накај Усје. Меѓутоа најбитниот дел нема дел за велосипедисти и тие возат по улица што претставува безбедносен проблем, а и не ги стимулира жителите на Кисела Вода да користат велосипед како превозно средство
Велосипедска врска Џон Кенеди - Илинденска
На кејот на река Вардар во должина од 2.5 км - од Владата до Александар Палас не постои ниту една сообраќајна врска помеѓу левата и десната страна на Скопје! Ваквата ситуација во централното јадро придонесува да реони кои инаку воздушно се блиску, се сообраќајно одалечени со километри и придонесува кон изолирање на двете страни.
Проширување и подобрување на велосипедската инфраструктура
Иако има напредок во оваа насока, голем дел од градот сè уште нема велосипедска инфраструктура, особено велосипедски патеки. Кисела Вода е добар пример за голема урбана општина која речиси и да нема ваква инфраструктура, особено во споредба со Центар, Карпош и Аеродром. Во општините каде што оваа инфраструктура е поразвиена, таа е често лошо испланирана и/или изведена, и не се одржува доволно редовно.
Законски ограничувања на бучава од мотори
Голем дел од моторите немаат квалитетни пригушувачи на издувните гасови, или намерно се вадата за да се добие на моќност, со што се слушаат надалеку, посебно при нивно побрзо возење во доцните часови.
Испакнати пешачки премини во Скопје
Безбедноста на пешаците не е гарантирана со обични пешачки премини. Менталитетот на возачите е таков да не внимаваат доволно на пешаците и покрај законските прописи.
Семафор на тастер за пешаци на Бул. Ѓорче Петров
Улицата на училиштето Ѓорче Петров не е безбедна ни за возрасните, а никако за децата. Со оваа предлог иницијатива, се бара да се постави семафор на тастер за пешаци, пред бензинската, кај графинка и ОУ Ѓорче Петров, како жителите би се поврзале со кејот на Вардар. Паралелната улица пред училиштето и градинката нема тротоар за движење, а со поставување на семафор со тастер на жителите ќе им се овозможи безбедно да преминат од спротивна страна со велисипеди до кеј.
Воведување нов тарифен систем во јавниот превоз на Град Скопје
1.Во голем број случаи, корисниците на јавниот превоз минуваат мало растојание (неколку постројки) и плаќаат карта по единствена тарифа, што често е причина поради која се мотивирани да бараат друга алтернатива за превоз или да се возат без купен билет. 2. Купување два или повеќе билета за една дестинација. Зошто еден корисник би платил повеќе доколку се вози во неколку градски автобуси на ЈСП до крајната дестинација? Патникот ја добива истата услуга практично, а плаќа двојно бидејќи првичната карта не важи повеќе во вториот автобус.
Реализирајте го планот за трамвај во Скопје
Очигледно е дека сегашната јавна транспортна мрежа не е доволна за град како Скопје и потребно е нешто повеќе, градовите од оваа големина по Европа сите имаат метро или трамвај системи.
Сообраќаен КРАХ на булевар Киро Глигоров(кај бриколаж)
Решавање на секојдневниот хаос и застој на булеварот Киро Глигоров(кај бриколаж). Забрана з движење на тешки товарни возила
Табли со возен ред на автобуските линии на секоја станица
На речиси ниедна автобуска постојка во Скопје не постои распоред на автобуските линии. Оние кои не се возат редовно со автобус, или не дај боже странски туристи, ако не се изнамачат со страницата на ЈСП преку мобилен телефон, не можат никако да знаат кој автобус поминува од таму, каде оди, во кое време, како е сообраќајот за викенди/празници итн.
Поврзување на источно Скопје со велосипедски и пешачки патеки
Патната инфраструктура од Скопје кон источниот дел на градот е некомплетна, небезбедна и некаде НЕПОСТОЕЧКА за велосипедистите и пешаците, особено делот после Маџари па се до Катланово.
Сите тротоари, каде што има пешачки премини и пристапни улици, да бидат симнати на ниво на улицата, за достоинствено непречено движење на лицата со колички. (Пример: Крањ во Словенија, како вонземјани со повисока интелигенција за нас да се. Секој тротоар е на ниво на улицата, каде што треба) Исто така секој што извршува некоја градежна работа и ги раскопува веќе постоечките тротоари, споредни улици, да ги врати во првобитната состојба, бидејќи многу очигледно е дека ретки се тие што го прават тоа, грото оставаат раскопано, искршено, кое го нарушува непреченото движење на лицата со колички и воопшто нарушен е првобитниот изглед и функционалност
Сообраќајна безбедност за пешаци и велосипедисти
Најголемите раскрсници имаат премали пешачки одморишта помеѓу лентите, нема место за сите пешаци и велосипедисти, а зеленото светло за нив е секогаш прекинато за да мора да стојат на сред булеварот. Оваа состојба веќе зема и жртви (кај Соборен храм лани на одмориште меќу лентите на булеварот беше прегазен човек)