Најави се за да гласаш
60
гласa да

0
гласa не
Проблем:

Најголемите раскрсници имаат премали пешачки одморишта помеѓу лентите, нема место за сите пешаци и велосипедисти, а зеленото светло за нив е секогаш прекинато за да мора да стојат на сред булеварот. Оваа состојба веќе зема и жртви (кај Соборен храм лани на одмориште меќу лентите на булеварот беше прегазен човек)

Решение:

Репрограмирање на семафорите за континуирано подолго зелено за пешаци и проширување на пешачки острови. Би посочила неколку места и тоа: Илинденска кон парк кај MCM зеленото светло трае едвај за до пола булевар; на Партизанска и 8-ми Септември секаде на пола булевар пешаците мора да чекаат; кај Рузвелтова и Партизанска, пак ист случај, кај Градежен факултет на Партизанска.... и кај многу други.

Резултат:

Зголемена сообраќајна безбедност за пешаците и велоспедистите, спокојно движење и намалување на ризикот од несреќи.


Општина
Град Скопје

Категорија
Улици и патишта


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари