Најави се за да гласаш
20
гласa да

0
гласa не
Проблем:

Населби како Драчево и Ѓорче Петров се многу лошо поврзани, односно за да дојдеш од Драчево до Ѓорче Петров ти треба повеќе време отколку од Велес до Скопје. Во меѓувреме сообраќајниот метеж е истотака проблем бидејќи повеќе се потпираме на коли отколку јавен превоз што придонесува до поголемо загадување.

Решение:

Постои веќе инфраструктура со железнички станици во населби како Драчево, Железара, Скопје Север, Ѓорче Петров, Маџари, Илинден. Овие станици би можело да се интегрираат и поврзат со постоечките автобуски линии, па така ако некој од Ново Лисиче сака да стаса до Ѓорче Петров, а да не потроши цел ден, може да дојде до Нова Железничка со автобус и со истиот билет или друг билет издаден од ЈСП да фати воз кој за 17 минути те носи до Ѓорче Петров. Ако сакаме да го намалиме метежот со возила најдобро би било да ја искористиме максимално постоечката железничка инфраструктура. Ама и секоја од железничкиот станици да се поврзе со автобуска линија и да се реновираат како што е тоа во развиените градови. На овие станици може и да се продаваат автобуски билети, да се изрентаат за продавници ако станат прометно и слично, а метежот низ Центар да се намали за оние кои немаат потреба да поминат низ Центар за да дојдат до другата страна на градот.

Резултат:

Намалени гужви низ Центар, поттикнување на бизнис на запуштените железнички станици, побрзо стигнување на работа за граѓаните.


Општина
Град Скопје

Категорија
Улици и патишта


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари