Табли со возен ред на автобуските линии на секоја станица
Проблем:
На речиси ниедна автобуска постојка во Скопје не постои распоред на автобуските линии. Оние кои не се возат редовно со автобус, или не дај боже странски туристи, ако не се изнамачат со страницата на ЈСП преку мобилен телефон, не можат никако да знаат кој автобус поминува од таму, каде оди, во кое време, како е сообраќајот за викенди/празници итн.
Решение:
На секоја автобуска постојка во Скопје да се постави табла со возниот ред, со мапа на градот која ги обележува автобуските линии. Ова е пракса во секој град во Европа. Едноставно парче хартија, заштитено со слој стакло за да не се оштетува, чини малку а помага многу.
Резултат:
Граѓаните ќе можат повеќе да се потпрат на јавниот превоз, ќе бидат поинформирани, ќе биде полесна навигацијата низ градот и ќе бенефитира туризмот во Скопје.

Општина
Град Скопје
Категорија
Улици и патишта
Статус
Коментари