Најави се за да гласаш
56
гласa да

1
глас не
Проблем:

Улицата на училиштето Ѓорче Петров не е безбедна ни за возрасните, а никако за децата. Со оваа предлог иницијатива, се бара да се постави семафор на тастер за пешаци, пред бензинската, кај графинка и ОУ Ѓорче Петров, како жителите би се поврзале со кејот на Вардар. Паралелната улица пред училиштето и градинката нема тротоар за движење, а со поставување на семафор со тастер на жителите ќе им се овозможи безбедно да преминат од спротивна страна со велисипеди до кеј.

Решение:

Семафор на тастер/сензор на Бул. Ѓорче Петров пред градинката, објект Кокиче и ООУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ. Доколку има нормален семафор ќе има застанување на возила, со пешачки премин исто не е голема безбедноста.

Резултат:

Безбедно спроведување на децата кои секој ден поминуваат до школо без тротоар. Безбедно помонување до кејот на Вардар за жителите кои секој ден ги носат своите деца во градинка и школо.

Дополнителни линкови:


Општина
Општина Ѓорче Петров

Категорија
Улици и патишта


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари


1
Elena Kovachki 06/06/2021 14:33

Ваква петиција треба и за тротоарите пред училиштето. Тротоари постојат, но со децении се запуштени и обраснати во трња. Децата се приморани да пешачат по коловозот кој е преполн со паркирани возила и несовесни возачи кои возат брзо и невнимателно. На советот на училиштето пред 7-8 години се отвори оваа тема, но училиштето се повлече велејќи дека се уморни од залагање во Општина Ѓорче и Општина на Град Скопје кои само си ја префрлаат топката и не превземаат апсолутно ништо.

1
Gordana Pirkovska Zmijanac 01/06/2021 22:09

Пред речиси 15 години група деца од ОУ ,,Ѓорче Петров" поднесоа петиција до градоначалникот на општината, со вакво барање, но за жал не беа удостоени ниту со одговор. Ме радува што конечно повторно некој се сети да го актуелизира ова важно прашање за жителите, особено за децата.