Најави се за да гласаш
52
гласa да

5
гласa не
Проблем:

Безбедноста на пешаците не е гарантирана со обични пешачки премини. Менталитетот на возачите е таков да не внимаваат доволно на пешаците и покрај законските прописи.

Решение:

Поставувањето на испакнати пешачки премини ќе гарантира намалување на брзината на возачите. Најдобро е да бидат испакнати пешачки премини, а не класични „лежечки полицајци“ бидејќи испакнатите пешачки премини нема да може да се извадат. Би требало да се поставени на сите улици каде што има пешачки премини, вклучувајќи ги и булеварите.

Резултат:

Безбедноста на пешаците ќе биде значајно зголемена, а брзината на возење ќе се намали, а со тоа и бројот на сообраќајни незгоди..


Општина
Град Скопје

Категорија
Улици и патишта


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари


0
Petre Lameski 06/07/2021 15:52

https://makfax.com.mk/crna-hronika/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D1%81%D0%BE/

0
Polio Plus 03/06/2021 08:41

Предлогот е добар. Може да овозможи непречено движење за граѓаните со и без хендикеп, но тоа ќе зависи сепак од неговата изведба, начинот на кој ќе се нивелира овој премин со троатоарот, висината на нагибот итн. Ако не се внимава и не се постави истиот согласно одредени стандарди, наместо да овозможи едноставно движење ќе претставува бариера и ќе го оневозможи движењето на голем број на граѓани.

0
Snezana Janevska 03/06/2021 08:14

Предлогот е одличен, доколку се прифати и изведе, ќе спаси многу животи како и повреди на пешаци од ударите со кола на пешачки премин. Би додала дека ваквите пешачки премини имаат двојна функција по што се разликуваат од лежечки полицајци. Освен што го успоруваат сообраќајот, овозможуваат непречено движење на лица во колички, со бебешки колички, со торби на тркалца, како и на лица со потешкотии во движењето, постари со бастуми, повредени со штаки и сл. занемарени групи на граѓани.