Пристапни улици и тротоари
Проблем:
Сите тротоари, каде што има пешачки премини и пристапни улици, да бидат симнати на ниво на улицата, за достоинствено непречено движење на лицата со колички. (Пример: Крањ во Словенија, како вонземјани со повисока интелигенција за нас да се. Секој тротоар е на ниво на улицата, каде што треба) Исто така секој што извршува некоја градежна работа и ги раскопува веќе постоечките тротоари, споредни улици, да ги врати во првобитната состојба, бидејќи многу очигледно е дека ретки се тие што го прават тоа, грото оставаат раскопано, искршено, кое го нарушува непреченото движење на лицата со колички и воопшто нарушен е првобитниот изглед и функционалност
Решение:
Да се планираат средства во буџетот за соодветни градежни работи со цел реализација на погоре опишаниот постоечки проблем.
Резултат:
Чекор кон цивилизирано и хумано општество, кое се грижи за сите. Олеснување, на не така едноставниот живот на лицата кои се движат со колички.

Општина
Град Скопје
Категорија
Улици и патишта
Коментари
Ајде бе и така реновирате секој мандат. Напрајте ги барем како што треба, светски. Ако тие кои кје го фатат тендерот не знаат како, натерајте ги да научат, кје им треба за друг пат.
ОДБИЕН??? ПОД ИТНО ДА СЕ ПОДНЕСЕ ПОВТОРНО!!!
Da
Oва е многу важен предлог и мора да најде простор да се се уважи и пренесе до надлежните. Навистина е огромен проблем за секојдневниот живот на хендикепираните лица.