Креативен (и) технолошки центар
Проблем:
Постојат повеќе напуштени индустриски објекти во центарот на градот Скопје, но и по општините и населбите, кои не би смеело да се пренаменат во нови приватни деловни и стамбени комплекси, туку да станат јавен простор достапен за граѓаните. Постои недостаток од јавен простор за изработка, производство, едукација и презентација на креативен и технолошки иновативен дизајн од различни области кои би биле од корист или во функција на образовните институции, приватните фирми и на јавноста пошироко.
Решение:
Пренамена на запуштени индустриски објекти во градот во центри за развој, планирање и изработка на дизајн решенија и прототипи, експериментирање со различни дизајни, технологии и материјали, едукација на ученици, студенти и заинтересирани, презентација на новитети, изложби, мини-саеми, промоции и сл.
Резултат:
Објекти кои од руинирани запуштени простори се претворени во современи алтернативни центри за претставување и промоција на иновативен дизајн и нови технологии; ревиталиација на целиот простор околу објектите и заживување на економскиот, културниот и социјален живот во тој дел од градот; нова инфраструктура која ќе даде дополнителни можности на образовните институции, бизнисите и пошироката јавност.
Дополнителни линкови:

Општина
Град Скопје
Категорија
Урбанизам
Статус
Коментари
Во британија, стари индустриски згради се пренаменуваат во места каде што има музика и Street food. Опуштени места каде што излеваат млади. Работат во одредени периоди од денот и секој ден има различни угостители кои нудат храна и различна музика. Понекогаш се наплаќа влезница, некоја симболична сума 1 или 2 евра (за нивниот стандард). На овие места секоја цечер можеш да слушнеш различни групи, да апнеш нешто и да се дружиш за нормални пари.