Предлози
Статус:
Категорија:
Општина:
10 предлози
Скопје е град во кој недоволно се користи велосипедот како превозно средство, градот се гуши во аерозагадување, a сообраќајот не може да ги издржи гужвите предизвикани од огромниот број на автомобили. Пред десетина години имаше сличен обид, но тој проект не успеа, затоа што не беше добро обмислен и реализиран, постоеја само 5 велосипедски станици и скап месечен билет. Само за споредба, во Љубљана (како позитивен пример од нашето опкружување), ГОДИШНА карта, со неограничено користење на велосипедите е 3 евра (180 денари), а тука МЕСЕЧНАТА беше 1.500 денари. Љубљана, иако многу помал град, има преку 80 велосипедски станици, а тука имавме само 5.
Креативен (и) технолошки центар
Постојат повеќе напуштени индустриски објекти во центарот на градот Скопје, но и по општините и населбите, кои не би смеело да се пренаменат во нови приватни деловни и стамбени комплекси, туку да станат јавен простор достапен за граѓаните. Постои недостаток од јавен простор за изработка, производство, едукација и презентација на креативен и технолошки иновативен дизајн од различни области кои би биле од корист или во функција на образовните институции, приватните фирми и на јавноста пошироко.
Регулациските планови пред донесување да се изложуваат на Јавна презентација и анкета
Во постапката за усвојување на нови регулациски планови во град Скопје, да бидат вклучени како засегнатата локалната самоуправа така и пошироката јавност со цел добивање на плански опфати и соодветно интерпретирана инфраструктура што ќе одговара на потребите на граѓаните.
Парк во дебар маало позади Министертво за Култура.
Дебар маало е најурбаниот дел од градот но е целосно бетонизирано. Позади министерството за култура има преубав заграден парк кој никој не го користи.
Јужната страна на ГТЦ (кон Жена Парк) денес е обоена во бела боја и со тоа е покриен бетонот чиј изглед бил дел од оригиналното естетско решение на овој објект во срцето на Скопје. Авторот на проектот, архитектот Живко Поповски, оригинално предвидел дел од елементите на ГТЦ да функционираат како естетски акценти и да бидат во натур бетон: двете симетрично поставени рампи кои првото подземно ниво го поврзуваат со широкото плато на приземјето и понатаму со терасата на првиот кат; тесните спирални скали на југозападниот агол на објектот; бетонските клупи и линеарно поставените бетонски жардињери со зеленило на јужната страна.
Од Напуштена фабрика до Студенски Град!
Напуштен индустриски комплекс „Купром“ на површина од 22 000 м2 во населба Хром, Општина Ѓорче Петров. Дехуманизација на простор, незаштитено културно-индустриско наследство, контаминирана почва во непосредна близина на реката Вардар, азбестен отпад, стаклена волна, нафтени деривати, закана за животната средина и локалното население.
Градот да се исчисти од хаварисани возила
Како што и сите знаете Скопје има проблем со недостаток на паркинг места. Исто така може да се примети дека на секој паркинг има по неколку хаварисани возила кои не се во возна состојба и не се поместени долго време. Овие возила треба да се тргнат од паркинг местата и да се ослободи простор.