Градот да се исчисти од хаварисани возила
Проблем:
Како што и сите знаете Скопје има проблем со недостаток на паркинг места. Исто така може да се примети дека на секој паркинг има по неколку хаварисани возила кои не се во возна состојба и не се поместени долго време. Овие возила треба да се тргнат од паркинг местата и да се ослободи простор.
Решение:
Град Скопје треба организирано да ги премести овие возила на одредена локација притоа да се извести сопственикот за истото. Доколку после 3-6 месеци никој не го побара возилото, општина Скопје треба да има можност законски да го однесе возилото во отпад.
Резултат:
Ќе се ослободат повеќе паркинг места низ градот и потенцијално ќе се намали проблемот кој голем дел од граѓаните го имаат а тоа е недостаток на паркинг простор.

Општина
Град Скопје
Категорија
Урбанизам
Коментари
Која е причината што гласале против предлогот и фали може да се поднесе пак?
Топ идеја
Idejata e odlicna, no havarisani vozila ima i po naselbite kade nema zonsko i tie treba da se otstranat isto taka. Mozebi ne ke bide loso i nie graganite da prakkame lokacija i slika od vozilata koi skapuvaat po trotoarite i parkinzite do opstinite za da im olesnime vo potragata.
Ова треба да биде надлежност на градот, не на општините. Општините се кријат зад "немање средства", градот се крие зад општините. Хаварисани возила се проблем на ниво на цел град и мора и така да бидат третирани.
Bravo za inicijativata. I bravo za Moj Grad platformata :)
Одлична иницијатива Поддршка треба да дадеме сите а градот да не чека Браво Горјан
Прекрасна идеја, корисна, ќе ослободи многу простори и тротоари! И лесна е за реализација. Само треба воља!
Се согласувам! Ова можат општините лесно да го мапираат со едноставно шетање по улиците!