Најави се за да гласаш
61
глас да

0
гласa не
Проблем:

Во постапката за усвојување на нови регулациски планови во град Скопје, да бидат вклучени како засегнатата локалната самоуправа така и пошироката јавност со цел добивање на плански опфати и соодветно интерпретирана инфраструктура што ќе одговара на потребите на граѓаните.

Решение:

1. Да се изложат предлог Регулациските планови при изработката 2. Предметната локална самоуправа, односно комисијата за урбанизам да се произнесе со мислење 3. Доколку е подтапено соодветно по забелешките, да се овозможи за истите да се објави ЈА и ЈП и да биде ставен на јавен увид 4. Граѓаните и засегнатите странки да се произнесат во однапред определен рок 5. Горенаведените забелешки да се имплементираат во Законот за урбанистичко планирање

Резултат:

Дефинирање на намените според потребите на граѓаните, соодветно редимензионирање на инфраструктурата согласно основните и компатибилните класи на намени, итно имплементирање на велосипедска инфраструктура на примарна и секундарна улична мрежа.


Општина
Град Скопје

Категорија
Урбанизам


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари