Изнајми велосипед
Проблем:
Скопје е град во кој недоволно се користи велосипедот како превозно средство, градот се гуши во аерозагадување, a сообраќајот не може да ги издржи гужвите предизвикани од огромниот број на автомобили. Пред десетина години имаше сличен обид, но тој проект не успеа, затоа што не беше добро обмислен и реализиран, постоеја само 5 велосипедски станици и скап месечен билет. Само за споредба, во Љубљана (како позитивен пример од нашето опкружување), ГОДИШНА карта, со неограничено користење на велосипедите е 3 евра (180 денари), а тука МЕСЕЧНАТА беше 1.500 денари. Љубљана, иако многу помал град, има преку 80 велосипедски станици, а тука имавме само 5.
Решение:
Потребно е да се постават велосипеди за изнајмување на велосипедски станици кои ќе бидат во голем број и правилно распоредени низ целиот град, во секоја скопска населба. Цената на изнајмување би требала да биде симболична со што ќе се стимулира велосипедот како превозно средство, следејќи го примерот на Љубљана, каде годишна карта е 3 евра, со неограничено користење на велосипедите. Системот би функционирал со електронска картичка, која би ги содржела податоците на корисникот, со која тој би можел да земе било кој велосипед од било која станица и би можел да го врати на било која друга станица. Велосипедите би биле заклучени електронски, би се отклучувале само со картичката, а на самите велосипеди би имало и уреди против кражба.
Резултат:
Со масовната употреба на велосипедот како превозно средство, ќе се намали аерозагадувањето на градот, ќе се растерети сообраќајниот хаос, ќе се намали потрошувачката, ќе се поттикне здравиот начин на живот, а Скопје конечно ќе го добие она кое секоја европска метропола мора да го има.

Општина
Град Скопје
Категорија
Урбанизам
Статус
Коментари
Треба да се постават многу повеќе места каде ќе се изнајмува велосипеди. Но првин мислам за тоа треба да се овозможи простор каде велосипедот може да се движи. Скопје и другите градови во државата се изградени со улици, каде колата доминира и е центар. Ако сакаме градовите да се за луѓе, мора народот постепено да ги напушта автомовилите. Поставување на ленти за пешаци и велоципедисти. Бенифити: физичка активност, помало загадување и полесно одржување. Не е лесно да се одржува сопствен автомовил.