Најави се за да гласаш
36
гласa да

7
гласa не
Проблем:

Јужната страна на ГТЦ (кон Жена Парк) денес е обоена во бела боја и со тоа е покриен бетонот чиј изглед бил дел од оригиналното естетско решение на овој објект во срцето на Скопје. Авторот на проектот, архитектот Живко Поповски, оригинално предвидел дел од елементите на ГТЦ да функционираат како естетски акценти и да бидат во натур бетон: двете симетрично поставени рампи кои првото подземно ниво го поврзуваат со широкото плато на приземјето и понатаму со терасата на првиот кат; тесните спирални скали на југозападниот агол на објектот; бетонските клупи и линеарно поставените бетонски жардињери со зеленило на јужната страна.

Решение:

Да се извади белата боја од споменатите архитектонски елементи (рампите, спиралните скали, бетонските клупи и жардињерите и да се ослободи вистинското лице на јужната страна на ГТЦ.

Резултат:

ГТЦ ќе го добие назад својот автентичен изглед од неговото создавање во раните 1970-ти, но и ќе заживее повторно револуционерната постмодернистичка идеја за објект во центарот на главниот град кој со својот изглед ќе биде мост меѓу постземјотресното Скопје (на Кензо Танге) и автентичната локална архитектура од минатото. Со тоа, ГТЦ ќе биде постојано присутен потсетник на инклузивноста и демократијата како граѓански концепти.

Дополнителни линкови:


Општина
Општина Центар

Категорија
Урбанизам


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари