Најави се за да гласаш
46
гласa да

0
гласa не
Проблем:

Во Македонија не постои музеј или центар посветен на науката и технологијата, каде што деца, ученици, студенти и и возрасни би се запознале со научни и технички концепти и би дознале повеќе за научно-технолошкиот развој на технологиите кои ги користиме денес, на популарен и забавен начин.

Решение:

Формирање на институција која ќе прибира, документира, обработува и промовира артефакти поврзани со различни научни дисциплини и технички области и која ќе понуди практични презентации и демонстрации на разни научни концепти погодни за различни возрасни групи, ученици, млади, но и за целото семејство. Постојат вакви примери во соседството и регионот, треба само да се најде соодветен модел и да се прилагоди некој од постоечките запуштени објекти во градот, кој ќе се пренамени во научен центар или музеј на наука.

Резултат:

Формиран и активен единствен музеј на наука и технологија (Science Centre) кој ќе биде поддршка на сите образовни институции во Македонија, но и нов центар за сите жители и посетители на Скопје од Македонија и од странство. Во него ќе се учи и осознава научно-технолошкиот развој на различни иновации и технологии кои постојат околу нас на креативен, иновативен и забавен начин.

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Култура


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари


0
Ивана Милосковска 17/02/2023 09:14

Неодамна дознав дека постои непто слично на Матка : https://www.facebook.com/MatkaExhibitionCenter/ http://matka.com.mk/

0
Bojan Veljanoski 18/11/2021 06:28

Дополнителни линкови: https://www.experimentarium.dk/ https://www.kopernik.org.pl/en https://cosmocaixa.org/es/cosmocaixa-barcelona