Предлози

Подредување:


Статус:


Категорија:


Општина:

11 предлози


Куќарки (засолништа) за бездомни миленици

Животот не е лесен за голема популација на бездомни мачки и кучиња во Скопје. Во текот на жешкото лето или ладната зима, скопските улици се полиња на смртта за бездомните миленици, особено за мали мачиња и кутриња- кои ако не и убиени од страна на брзи и несовесни возачи на автомобили или од сурови луѓе/деца, се во голема опасност да умрат незабележано како резултат на инфекции и болести. Каде и да одите можете да видите мачки скитници како бараат хранат од контејнери, прегладнети кучиња скитници или напуштени мали кутриња или мачиња.

СТОП за фабриката за преработка на ОПАСЕН ОТПАД во Гази Баба

Проблем: Продажба на државно земјиште на приватен инвеститор со намена Е 3.1 „постројки за термички, физичко-хемиски и хемиски третман на неопасен отпад на парцели во Старо Скопје“ каде според Нацрт-извештаите за СОЖС ќе се обработува и опасен отпад (ќе се топи цинкова прашина).

Затворање на Зоолошката градина во Битола

Зоолошка градина во Битола ниту е соодветно ниту хумано место за животните. Тие живеат мизерно во кафези и негрижа.

Градска компостара во секоја општина

Дури 1/3 од целокупно произведената храна завршува во отпад. Ако на ова ја додадеме и огромната количина на градинарски отпад кој се креира од парковите и дворовите, ни станува јасно како био-отпадот претставува над 70% од вкупно произведениот. Кога овој отпад неправилно се разлага, ослободува стакленички гасови кои директно влијаат на климатските промени и на загадувањето.

Зелени Детски Градини Во Основни Училишта

Живееме во информативна ера со постојани достигнувања во технологијатата кои што обезбедуваат удобности и погодности за кои што никогаш не сме ни размислувале. Сепак, изгубивме голем дел од потребните знаења и вештини за преживување, за кои сто младите деца не се ни свесни. Тука го наметнуваме прашањето: дали нашите идни генерации се запознаети со основите на животот и од каде всушност доага големиот дел на нашата храна?

Зелени градини на крововите од зградите

Скопје е еден од градовите со највисоки нивоа на аерозагадување. Со неконтролираното градење на згради се уништуваат се голем дел од зелените површини и се полош е квалитетот на воздухот.

Субвенции за стерилизација/кастрација на домашен и/или маалски миленик

Иако градот и општините имаат буџет и тендери/ јавни претпријатија за стерилизација исклучиво на бездомни кучиња, темпото со кое што работат не соодветствува со напливот на бездомни кучиња, и не ги опфаќа бездомните мачиња чии број константно се зголемуваа како резултат на неодговорно сопствеништво. Дополнително голем процент од населението не може финансиски да си дозволи стерилизација на милениците (кучиња, но и мачки), што резултира во премногу бездомни животни на улица кои се изложени на опасности, но кои и предизвикуваат опасности (напади, болести, расфрлање отрови, нарушен сообраќај итн.) за граѓаните.

Пристапни улици и тротоари

Сите тротоари, каде што има пешачки премини и пристапни улици, да бидат симнати на ниво на улицата, за достоинствено непречено движење на лицата со колички. (Пример: Крањ во Словенија, како вонземјани со повисока интелигенција за нас да се. Секој тротоар е на ниво на улицата, каде што треба) Исто така секој што извршува некоја градежна работа и ги раскопува веќе постоечките тротоари, споредни улици, да ги врати во првобитната состојба, бидејќи многу очигледно е дека ретки се тие што го прават тоа, грото оставаат раскопано, искршено, кое го нарушува непреченото движење на лицата со колички и воопшто нарушен е првобитниот изглед и функционалност

Од Напуштена фабрика до Студенски Град!

Напуштен индустриски комплекс „Купром“ на површина од 22 000 м2 во населба Хром, Општина Ѓорче Петров. Дехуманизација на простор, незаштитено културно-индустриско наследство, контаминирана почва во непосредна близина на реката Вардар, азбестен отпад, стаклена волна, нафтени деривати, закана за животната средина и локалното население.

Езеро Треска

Запуштен објект со огромен капацитет кој може да го ревитализира цело Скопје и да биде гордост на граѓаните.

Градот да се исчисти од хаварисани возила

Како што и сите знаете Скопје има проблем со недостаток на паркинг места. Исто така може да се примети дека на секој паркинг има по неколку хаварисани возила кои не се во возна состојба и не се поместени долго време. Овие возила треба да се тргнат од паркинг местата и да се ослободи простор.