Советничка листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град

Зелен Хуман Град ќе излезе со своја непартиска и независна листа на кандидати за советници на Град Скопје, на локалните избори во 2021 година. Сакаме да бидеме транспарентни и да ги вклучиме сите граѓани во процесот - затоа ја отворивме листата за секој што сака да биде дел од неа!

1
1 месец беше отворен повик за секој што сака да ја поднесе својата кандидатура на листата на ЗХГ
2
Членовите на МојГрад гласаа за јавените профили на сите поднесени кандидати
3
Сите кандидати имаа интервју со тимот на ЗХГ, од кои над 95% беа прифатени на листата

Дознај повеќе за МојГрад...

Дел од листата на ЗХГ


1. Драгана Велковска

Членка на Совет на Град Скопје (2017-2021), дипломиран филолог, овластен судски преведувач, извршна директорка на „Е.Д.Е.Н.“ и основач на првиот етички ресторан за веганска храна „Веган365Кујна“.

2. Горјан Јовановски

Магистриран софтверски инженер на University of Amsterdam, 4 години во Booking.com како програмер и тим менаџер. Претприемач и јавен говорник со сопствен TED говор на тема „Аерозагадувањето во Скопје“.

3. Наталија Бургиева

Економист, со над 15 годишно работно искуство која пред неколку години самоиницијативно почнува да се едуцира за органско производство на храна, нула отпад и циркуларна економија. Ја основа Мама Органа, компанија која од отпад од храна, произведува органски ѓубрива и обезбедува работни места за социјално загрозени лица. Досега со бизнис моделот на Мама Органа има освоено повеќе награди во Македонија и во Европа, а работи и како едукатор за органско производство храна и ментор за социјални бизниси.


4. Марјан Калевски

Еден од основачите на Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. и граѓанските иницијативи Зелен Хуман Град и Охрид SOS, магистриран класичен филолог.

од МојКандидат

5. Јасна Бачовска

Редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во научната област воведни и теоретски правни науки. Фокус на мојот интерес е социологија на правото и комуникациите и методологија на правни и политички истражувања.

6. Игор Раиден

Дипломиран преведувач, овластен судски преведувач. Соработка со повеќе граѓански организации и поединци од областа на социјалната заштита, човековите права и други теми. Имам работено на повеќе проекти и програми од областа на човековите права, како координатор, истражувач и слично. Сега, како претседател на ЕдуАктив Орг, искуствата ќе ги пренесам на едно сосема ново ниво. Неформално веќе десетина години во рамки на мојот независен проект Dream Dungeon се занимавам со повеќе различни уметнички насоки за кои имам научено различни техники и методи на работа и најразличен софтвер. Веќе шест години сум активен и во полето на животната средина преку различни иницијативи.

7. Мила Јовановска

Дипломиран толкувач француски-англиски-македонски, во завршен процес на магистерски студии по Стратешки комуникации. Работно искуство: комуникации и претседател во Гоу Грин, претходно во АЕГЕЕ Скопје, програмски асистент во АРНО, професор по француски јаизк (Меѓународно училиште НОВА, приватни училишта за странски јазици)

8. Мартин Анастасовски

Мартин Анастасовски има диплома по политички науки и меѓународни односи и има работно искуство во приватната и невладината сфера како автор и преведувач. Како дополнително и неформално образование, Мартин има сертификати за решавање на конфликти и изучување на историјата и сегашноста преку анализа на споменици - стекнати од меѓународно-признаени организации. Бил учесник на неколку меѓународни студентски конференции и работитлници. Мартин е автор на подкастот (радио емисија) „Збориме реално“. Мартин е родител на две деца.

9. Мица Кимовска-Христова

Таа е доктор на медицина, специјалист педијатар, со 20 годишно работно искуство. Секојдневно се бори за спас на животите на децата (оние од 500 грама па се до 18 годишна возраст), бидејќи работи на одделот за Интензивна нега на Клиниката за детски болести. Се бори за нивното здравје, активно ги штити нивните права и слободи, директно од работното место, но и преку разни иницијативи и здруженија, со цел за подобрување на квалитетот на животот и здравјето на децата. За време на својата едукација, учествувала на голем број на стручни работилници и реализирала стручни престои во Европа и Америка, од кои се стекнува со бројни сертификати од својата област на работа. За својот престој во Калифорнија- САД, вели дека и ја променил и еколошко-социјалната свест, односно голем дел од своите идеи за активно учество во здруженијата и иницијативите од овие сфери ги започнува пред околу 16 години, кога после тригодишен престој се враќа во својата родна земја. Докторанд е на медицински клинички студии, а докторската дисертација го опфаќа токму влијанието на еколошките и социјалните фактори врз прогресијата или појавата на одредени заболувања кај децата. Таа е сопруга и мајка, а семејството е нејзиниот приоритет.

од МојКандидат

10. Лазе Трипков

12 години работно искуство во високото образование во Македонија, Црна Гора и Чешка, а моментално работам како вонреден професор на Факултетот за Уметност и дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет. Во период од 1998-2004 ги завршувам основните и магистерските студии во Варшава, Полска на Академијата за убави ументости. По враќањето во Македонија во 2005 иницирам повеќе меѓународни проекти и изложби.

од МојКандидат

12. Дејан Крле

Графички дизајнер, маркетинг координатор, планинарски водич, организатор на спортски настани на отворено.

14. Блаже Јосифовски

Дипломиран политиколок, магистар по менаџмент на човечки ресурси, моментално на докторски студии по организациски менаџмент. Асистент за научни истражувања во областите: Менаџмент за човечки ресурси, Стратегиски менаџмент и Бизнис менаџмент. Претседател на Европската младинска асоцијација на Источно-европските зелени организации, асистент за комуникации на пратеник, соработник во секторот за меѓународна соработка во Министерството за животна средина, Извршен директор на „Ајде Македонија“, основач на хидропонска фарма за производство на зеленчук, асистент во научни области при УКИМ.

од МојКандидат

16. Димитар Стојановски

Дипломиран Инженер Архитект Овластување Б за изработка на проектна документација Овластување Б за инженер за изведба ДИПЛОМИ: * Архитектонски Факултет – Скопје * FCE сертификат за англиски јазик * Француски јазик - сертификат за шести степен * Certificate of completion for 3D Studio Max Design 2012 Essentials Работно искуство: *01.05.2019 – до денес, главен архитект во: Еликософт *01.12.2016 – 01.05.2019, главен архитект во: Линика Инженеринг *01.08.2016 - 01.12.2016 проектант во: Hot&Hot *01.07.2015 - 01.08.2016 изведба во: J.E.С. Глобал *01.09.2013 - 01.07.2014 предавач на ARCHICAD во: Семос едукација *01.11.2012 - 30.06.2015 проектант во: Њу Веј Инженеринг *20.02.2011 - 25.05.2012 изведба: Роломатик *20.12.2009 - 30.5.2010 проектант: Прима Инженеринг *18.11.2008 - 05.03.2009 проектант: Прима Инженеринг *04.11.2007 - 30.02.2008 проектант: Прима Инженеринг

од МојКандидат

18. Симон Шандуловски

Дипломиран електро инженер без големо работно искуство во полето во кое дипломирав. Низ годините околностите и интересите ме водеа низ неколку полиња, а сепак најдолго се задржав во индустријата за визуелни ефекти

19. Андријана Папиќ Манчева

Задоволството од преведувањето и ден-денес ми потврдува дека воопшто не згрешив што се запишав на Катедрата за превод и толкување на Филолошкиот факултет. Во меѓувреме, од прва рака сфатив дека ме понесуваат иницијативи кои ги живнуваат културниот дух на градот и волјата на поединецот, па веќе цела деценија сум дел од Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Веќе неколку години професионално растам во ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување каде што сексуалната и репродуктивната слобода и права се врвен приоритет.

од МојКандидат

24. Марија Арсенкова

За живот заработувам како преведувачка, од љубов работам хонорарно како менторка во младинска организација, а инаку сум дипломирана професорка по француски јазик и книжевност и магистрантка по применета лингвистика – всушност, во моментов би требало да работам на магистерската теза, ама цело време си мислев на кандидатурава, па морав да седнам да ја напишам. :)

од МојКандидат

26. Горан (Був) Стојановски

Средно образование. Мојот занает го започнав пред 20тата година како самоук ИТ инженер. Мојата специјализација секогаш ја достигнувам преку работното искуство, кое во изминативе 15 години е доста разноврсно но секогаш во ИТ индустријата. Хронолошки, System Administrator, Cyber-security Engineer, DevOps, Developer.

од МојКандидат

30. Марко Дода

FINKI на пауза, неколку online курсови и многу „чепкање“ по дома и во Скопскиот Хаклаб 6 години искувство како sysadmin/devops, работа со голем дијапазон на технологии и доста време вложено во програмирање за автоматизација.

од МојКандидат

32. Јана Василевска

Магистер по меѓународен бизнис и јазици, со 5 години работно искуство во меѓународен сектор за развој и фокус на ПР и комуникации.

од МојКандидат

34. Ивана Дракулевска

Дипломирав на катедрата за англиски јазик и книжевност (Блаже Конески, Скопје), каде имав чест да учам од (за мене) најинтелигентните и прогресивни луѓе на нашево поднебје, и учествувам во секојдневна дикусија и критика со нив при обработка на книжевни дела. Го продолжив образованието на институтот за Дигитален Маркетинг во Ирска преку онлајн програма овозможена од Галексија и денес работам како SEO во Sales.Rocks уживајќи во тоа што го правам секој ден.

од МојКандидат

37. Анета Дарковска

Дипломиран археолог на Филозофски факултет во Скопје, повеќе години работам како графички дизајнер во странска ИТ компанија. Имам посетувано неколку курсеви за странски јазици, web дизајн, маркетинг и онлајн маркетинг.